Tuesday, June 18, 2013

Јас сум роден за романса

Јас сум роден за романса

Јас сум роден за романса,
небото ми вели: јас сум тој
што насекаде ја бара,
вратата што води во тој сон.

Но сонот се топи и вистина е:
јас сум мечтател вечен,
јас сум луд по тебе.

Јас сум роден за романса
и доволно е
до мене ти да бидеш:
в морска шир
мирно ветерот ме носи –
слатки сништа,
во нив јас и ти.

Јас сум роден за романса.
Дојди в мојот сладок сон,
в моите сништа јас сум твој.

Јас сум роден за романса,
небото ми вели: јас сум тој.

‹ 2000 г. ›

No comments:

Post a Comment