Tuesday, June 18, 2013

Илјада, и уште еден ден

Илјада, и уште еден ден


Во моите очи матен блесок .
Не сакам од тебе зборови,
ни жал,
ни каење.

А меѓу нас расфрлена е земна шир.
Колку е голем овој мир!

Од мене, до тебе:
илјада и уште еден ден.
Кој ли ноќе те обвива в сон?
Писмо отворено.
Јас?
Јас ќе се сетам наутро,
што судбината ми пиша во него.

Ја памтам среќата на денот нечекан,
ја знам и радоста –
со неа тагувам.

За мене сите,
секогаш и секаде,
немаат веќе значење.

Од мене, до тебе:
илјада и уште еден ден.
Кој ли ноќе те обвива в сон?
Писмо отворено.
Јас?
Јас ќе се сетам наутро,
што судбината ми пиша во него.

‹ 2000 г. ›

No comments:

Post a Comment