Tuesday, June 18, 2013

Полноќно танго

Полноќно танго


Полноќно небо над нас, ние скитаме сами.
Сладок полноќен сон.
Мирно море пред нас,
во далечина галеби белеат в лет.

Нежно бакни ме, мила.
Ноќва месецот полн, кришум гледа во нас –
јас и ти, сами.

Погледај во моите очи. Гледаш сјај?
Гори тој само за тебе.
Не знам како да ти кажам, мила, знај –
 јас копнеам и страдам.

Дали чувствуваш мила?
Топол ветер те гали
и страсно танго заигрува со тебе,
под ѕвездено небо.

Јас сум тој ветер што тело ти гали
и страста во тебе ја пали
и што сака со тебе прави, мила.

Небо бесрамно бдее.
Море шепоти сказни.
Ноќта денот го чека,
слатко волшебство трае.

Дали чувствуваш мила?
Или можеби знаеш?
Ти знаеш дека сонот во мене се буди на јаве.
О, моја мила!

‹ 2000 г. ›

No comments:

Post a Comment