Посакај
И кога бараш – барај сè.
Кога се молиш од срце
и кога Бог ти помага –
посакај,
да најдеш своја вистина
која од никој не страда,
сама во себе вљубена.
Немо, не мислиш,
тоа што треба не правиш,
каде што сакаш не одиш.
И кога мислиш, мисли сè.
Мисли ко последно да е
и ко да нема враќање.
Побарај,
да најдеш душа искрена,
без мера растреперена,
само за тебе створена.
Немо,
не мислиш,
тоа што треба не правиш,
каде што сакаш не одиш.
И кога сакаш, сакај сè –
без мера,
без одлагање.
No comments:
Post a Comment